Мајк Тајсон нема трпение да се качи во рингот 15 години по неговата последна борба. 54-годишната боксерска легенда во септември ќе боксира со Рој Џонс во САД. Нивната борба ќе биде во 8 рунди, во која нема да има судии, а победата ќе се постигне само со нокаут. Спортската комисија предупреди дека ќе ја прекинат борбата доколку некој заработи повреда.
Железниот Мајк вели дека има внатрешна борба со себе и неговото его прави шеги за него. Сепак, Тајсон верува дека е најголемиот боксер, откако битисуваат концепти за Бога и очекува голема борба.
„Моите деца мислат дека треба да си седнам на стариот газ, но што знаат тие? Се вратив и сум во форма. Ќе биде одлично. Џонс е најголемиот од неговата генерација и јас сум најголемиот од мојата генерација.
Моето его ме заебава со мене и ми вели: „Негро, дали мислиш дека можеш да леташ?“ Не вредиш ништо. Аматер може да влезе во рингот и да го наплеска задникот. Најдобро е да влезеш во врвна форма. Дали сакаш да те засрамат пред сите? Мојата психа е таква, како секогаш и што била.
Јас сум уништувач и никој не може да се мери со мене. Јас сум најголемиот борец, откак постојат концептите за Бога. Како можам да одбијам таква можност? Потоа, се вклучува другото его и вели: „Мајчинати негро, вид што ќе направам“. Не знаете што се случува овде“, вели Тајсон.
https://www.instagram.com/p/CDANzVRl8ao/?utm_source=ig_embed