Вајт: Има смисла враќањето на Конор Мек Грегор во даден момент

Дана Вајт сака да го види својот миленик Конор Мек Грегор во борба.

На почетокот на јуни, „Озлогласениот“ објави на социјалните медиуми дека се повлекува од ММА бидејќи не е задоволен од нивниот став спрема него. Мек Грегор сакаше да се бори против Џастин Гејџи, но УФЦ го одби. Во последниве години, голема ѕвезда заработи многу пари, а има успех и со неговиот бренд виски. Неговата мотивација за борба веќе не е толку голема и Конор дефинитивно може да си дозволи живот без ММА.

Претходно оваа година Конор го нокаутира Доналд Цероне само за 40 секунди и ја запиша својата прва ММА победа од 2016 година. Во моментот се уште е во пензија, но не престанува да навестува дека ќе се врати. Вајт смета дека има смисла, но во вистинско време.

„Конор Мек Грегор е во пензија. Никогаш не се знае. Има многу смисла враќањето на Конор Мек Грегор во даден момент. Сè уште не знам кога ќе биде вистинскиот момент. Само се обидувам да стигнам до 1 јануари 2021 година.

Мојата цел е да дојдам до тој датум. Не сакаме ништо лошо да се случи во наредните месеци на 2020 година. Немам трпение да заврши оваа година. Ова ќе биде најлошата година во историјата на човештвото“, вели Дана Вајт.

https://www.instagram.com/p/CDUClFOJSHO/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDQoRZnJuxH/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО