Легендите на боксот Мајк Тајсон и Рој Џонс викендов ќе заработат добро од нивниот езебициски меч.
Тајсон и Џонс се две од најзначајните имиња во историјата на боксот и ќе го направат долгоочекуваното враќање во рингот оваа сабота во Лос Анџелес. Борбата е планирана во 8 рунди од по две минути, без придружни судии, а нокаутите се забранети. Изгледа дека ова ќе биде посебно правило, спаринг меч помеѓу 54-годишниот Тајсон и 51-годишниот Џонс, така што тие може да си нанесат минимална штета.
Но, парите ќе бидат многу реални – неколку милиони.
Според репортерот Кевин Јол, Тајсон ќе собере 10 милиони долари, а Џонс околу 3 милиони.
Hearing that Tyson will make $10 million and Roy Jones +/- $3 million for their exhibition Saturday.
— Kevin Iole (@KevinI) November 25, 2020
Ова ќе биде прва борба на Тајсон од 2005 година. Џонс е поактивен и има 12 победи од последните 13 битки, а моментално е во серија од 4 победи.