Мајк Тајсон не престанува со интересните приказни за животните случувања. Една таква е и за ситуацијата кога бил запрен од полиција која воопшто не приметила дека е пијан и напушен…
„Ме запре полицаец, а јас мртов пијан и напушен. Ми рече да застана покрај патот. Го направив тоа, кога ме погледна возбудено само извика: ‘Срање, Мајк Тајсон. Еј, да ти е…, Мајк Тајсон“ – раскажува Тајсон и дополнува:
„Веднаш го замолив да ми помогне да ја најдам адресата. Ме однесе на таа е..на адреса и јас му заблагодарив и си заминав слободен. Бев пијан и напушен а си возев заедно со полиција“.