Мајк Тајсон и Марк Хант договараат боксерски меч за крајот на годината

Боксерската легенда Мајк Тајсон (57) оваа година би можел да се врати во рингот. Имено, дигиталното издание „From The Stands“ на својот X објави информација дека Ајрон Мајк може да организира боксерски меч против поранешната ѕвезда на УФЦ, Марк Хант (49).

Борбата би требало да биде договорена во осум рунди, а би се одржала во декември, најверојатно во Саудиска Арабија. Официјалното соопштение би можело да биде објавено веќе во февруари, додаде ФТС.

Информацијата ја пренесоа и неколку австралиски и новозеландски медиуми.

Марк Хант е легендарен новозеландски борец кој за време на неговиот врв беше познат како голем нокаутер.

Се бореше со многу големи борци како Кро Кап, Стипе Миочиќ, Федор Емелијаненко, Алистер Оверем, Жуниор дош Сантос, Фабрицио Вердум, Френк Мир, Дерик Луис, Картис Блејдес,…

По неговата ММА кариера тој почна да боксира (1-2-1), а последниот меч му беше во ноември 2022 година, кога со прекин во четвртата рунда го победи Сони Бил Вилијамс.

Мајк Тајсон (50-6, 2 НЦ) се пензионираше во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд.

Првата светска титула ја освои на 20 години, четири месеци и 22 дена, со што стана најмладиот боксер со светски шампионски појас во тешка категорија.

На крајот на 1986 година Железниот Мајк го победи Тревор Бербик со прекин во втората рунда и го освои појасот на ВБЦ во тешка категорија.

Во ноември 2020 година се врати во рингот и боксираше егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON