Мајк Тајсон гостуваше во Џо Роган Експириенс.
По тој повод, поранешниот светски шампион во тешката категорија на коментаторот на УФЦ му даде посебен подарок од неговиот ранч.
Тајсон се вклучи во производството на марихуана, а на Роган му поклони една од 100-те „кутии за подарок“ со производи од неговиот ранч,
„О Мајк Тајсон беше овде. Тоа беше одлично и прилично надреално. Мислам дека луѓето ако слушаат многу подобро ќе сфатат преку што поминал овој човек и како станал она што е, како веќе не сака да има ништо со тој живот. Беше тоа навистина фантастичен разговор. Сега, Мајк е многу пријателски настроен и релаксиран човек“, напиша Роган на Инстаграм.
Веќе на самиот почеток на подкастот Тајсон открил дека во животот никогаш не пиел кафе.
https://www.instagram.com/p/BswLv2flN3L/?utm_source=ig_embed
.