Иако од УФЦ со нетрпение скаат да го организираат реваншот меѓу поранешната шампионка Ронда Русеј и новата- Холи Холм, кој треба да се одржи во јули како дел од УФЦ 200, но нејзиниот нутриционист Мајк Долче има други планови.
Долче е важен член во тимот на Русеј веќе подолго време. Тој се грижи за подготвувањето на режимот на исхрана.
Еве што изјави тој за MMAJunkie:
„Нема начин – апсолутно не. Лично за мене, не е логично и нема никаква смисла човек кој претрпе толку тежок нокаут да се бори за толку кратко време“.
„Таа треба минимум три месеци да не прави спаринг. Потоа уште три месеци да парви лесни тренинзи. Тоа се вкупно 6 месеци пред таа да почне интензивно да тренира. Или, тоа значи по мај 2016 година“.
Само времето ќе покаже дали Русеј ќе успее да се опорави за УФЦ 200.