Ислам Махачев е подготвен да се бори со Рафаел дош Анчос. 29-годишниот Дагестанец изјави дека Рафаел веќе е старец и не му пречи да го здроби во кафезот. Ислам го победи Тијаго Мозес пред неколку дена и влезе во топ 5 во лесна категорија.
Ова го привлече вниманието на Дош Анчос кој на социјалните мрежи изјави дека Махачев не е врвен борец. Рафаел се пофали дека кога бил шампион се борел 5 пати за 11 месеци. Го предизвика Махачев во битка од пет рунди и го повика да не биде кукавица.
На социјалните мрежи, Махачев му одговори.
„Смешно е како се појави Рафаел дош Анчос, по објавувањето на рангирањето на УФЦ. Не грижи се дедо, ќе те скршам, иако си назад на ранг листата“, порача Махачев.
Минатата година требаше да видиме битка меѓу нив, но тоа не успеа двапати.