Махачев до Пориер: Секогаш ќе бидеш само предизвикувач

Ислам Махачев, шампионот на УФЦ во лесна категорија, одговори на последните зборови на Дастин Пориер. Дагестанецот ги доведе во прашање аргументите на Пориер дека може да победи секого.

По последната победа на Пориер, дојде до медиумски препукувања меѓу него и шампионот на УФЦ во лесна категорија. Да потсетиме дека „Дијамантот“ го нокаутира Беноа Сент Дени во втората рунда на УФЦ 299. Настанот се одржа на 9 март во центарот Касеја, Мајами. Ислам неодамна изјави дека Дастин не направил доволно за да заслужи шампионска борба.

На овие зборови одговори „Дајмонд“, кој смета дека во мешаните боречки вештини постигнал повеќе од Дагестанецот. Ова не му избега од видик на 32-годишниот Дагестанец, кој на платформата Х објави пост во кој го критикува Пориер. Шампионот во лесна категорија верува дека доколку Американецот навистина би можел да победи секого, тогаш би го држел појасот на УФЦ.

„Дастин, кога би можел да победиш секого, тогаш ти би бил шампион, а не јас. Твоето ниво е постојан конкурент. Колку пати си не успеал во борбите за титулата? Два, три пати?“, напиша Махачев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON