Махачев: Старите магариња од Топ 10 не сакаат да се борат со мене

Ислам Махачев се пожали на социјалните мрежи дека никој од првите 10 во лесна категорија не сака да се бори против него. Затоа прифати борба со Тијаго Мозес. Тие ќе се борат на УФЦ Фајт најт 191 на 17 јули.

Махачев е во серија од 7 последователни победи во УФЦ и победи во 19 од 20 борби во кафезот. На почетокот на март Ислам доминираше над Дру Гуд и го принуди да се предаде во 3-тата рунда.

Ислам победи со завршница на 11 мечеви и се најде на 10-тото место во лесна категорија. Тој сè уште нема голема борба во УФЦ.

„Топ 10 во лесна категорија се полни со стари магариња. Никој од нив не ја прифати борбата со мене.

Не е важно, затоа што ќе продолжам понатаму и наскоро ќе ја освојам титулата, со или без овие кловнови. Се гледаме на 17 јули“, напиша Махачев.


 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON