Ислам Махачев се пожали дека никој од борците што ги предизвикал не сакал да се бори со него. Минатиот викенд во Лас Вегас видовме како Дагестанeцот се справи со Тијаго Мозес.
Штитеникот на покојниот Абдулманап Нурмагомедов влезе во серија од 8 последователни победи и импресионираше милиони низ целиот свет, како и Хабиб Нурмагомедов, кој беше во неговиот агол. По неговата борба, Ислам рече дека е подготвен да се бори со Рафаел дош Анчос, Тони Фергусон и Мајкл Чендлер.
За жал на него, не доби одговор на неговите предизвици. На социјалните мрежи Махачев изјави дека сите молчат и чекаат враќање на смачканиот Конор Мек Грегор.
„Молк од Рафаел дош Анчос, Тони Фергусон и Мајкл Чендлер. Се обложувам дека сега сите чекаат да се врати смачканиот Конор Мек Грегор“.