Рускиот ММА борец и актуелен шампион на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев изјави дека Хабиб Нурмагомедов нема да биде во неговиот агол за време на борбата за титулата со Александар Волкановски.
„Ја разбирам неговата одлука бидејќи ја заврши кариерата, но, сепак, патува со нас. И кога ќе се пензионирате, сакате да се опуштите и да поминете време со вашето семејство. Мината година тој помина само два месеци со семејството.
Останатото време е на пат. Досега неколку пати се борев без него во аголот. Хабиб ми даде голема поддршка пред оваа борба. Разговаравме за борбата, ми даде план за тоа, па ќе видиме“, рече Махачев.
За Ислам Махачев ова е прва одбрана на шампионската титула. Борбата со Волкановски ќе биде насловна на УФЦ 284 што ќе се одржи во Австралија ноќта на 12 февруари.