Махачев продолжува да се искачува во лесна категорија

Ислам Махачев по втор пат во рок од три недели се искачува на ранг-листата во лесна категорија на УФЦ.

Од денес, 29-годишниот борец е број 9, што претставува искачување за едно место во однос на претходното рангирање. Потсетуваме, пред 2 недели за прв пат влезе во топ 10 на ова рангирање.

Дагестанецот во неговата земја се смета за наследник на Хабиб Нурмагомедов во лесна категорија на УФЦ.

Махачев ќе се соочи во октагонот против Тиаго Мозес, а мечот е дел од настанот УФЦ Фајт најт 191, што ќе се одржи на 17 јули.

Другиот борец кој напредува во ажурирањето во лесна категорија оваа недела е Грегор Гилеспи. Американецот влезе во топ 10, заземајќи го 10-тото место.

Пол Фелдер, кој најави повлекување од ММА, падна за дев места и сега е 11-ти.

Лидер, веднаш по шампионот Чарлс Оливеира, е Дастин Пориер, а го следат Џастин Гејџи и Бениел Дариуш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON