Актуелниот носител на титулата на УФЦ во лесна категорија (до 70 килограми), Русинот Ислам Махачев, влезе во потесниот избор за категоријата Борец на годината на престижните Светски ММА награди. Овие награди ги земаат предвид достигнувањата на спортистите од 1 јули 2023 година до 30.06.2024 година.
Придружба на Махачев е Алекс Переира, кој е шампион на УФЦ во полутешка категорија. На листата е и Алесандре Пантоја, кој ја носи титулата во мува категорија. Меѓу номинираните е и Дрикус ду Плесис, шампионот на УФЦ во средна категорија. Место на листата наоѓа и Ренан Фереира, кој во овој период успеа да го освои турнирот во тешка категорија на ПФЛ.
Номинирани за светски ММА награди:
Алесандре Пантоја – шампион на UFC во мува категорија
Алекс Переира – шампион на УФЦ во полутешка категорија
Ислам Махачев – шампион на УФЦ во лесна категорија
Дрикус ду Плесис – шампион на УФЦ во средна категорија.
Ренан Фереира – победник на турнирот во тешка категорија на ПФЛ.
Добитникот на наградата ќе биде објавен на 5 декември.
View this post on Instagram