Ислам Махачев нема да се бори со Рафаел дос Ањос во главниот меч на УФЦ Фајт најт183 на 14 ноември во Лас Вегас, Невада.
Се очекуваше пресметката да биде многу интересна со оглед на тоа дека Дос Ањос е поранешен шампион во оваа категорија, а Махачев е една од новите sвезди и веќе е на 12-то место на П4П-листата.
Да потсетиме, нивната средба требаше да биде дел од УФЦ 254, но Дос Ањос отпадна поради позитивниот тест на коронавирусот.
Причината за неговото повлекување е повредата. Ова стана јасно од пост на непоразениот шампион кој веќе се повлече од ММА – Хабиб Нурмагомедов.
„Повредите се дел од овој спорт. За да станете шампион треба да поминете низ многу вакви моменти. Трпеливост и добро расположение за тебе, брат“, напиша Орелот на својот Инстаграм профил.
и добро настроение за теб, брат“, написа „Орела“ в профила си в Instagram.
УФЦ работи на наоѓање нов противник за дос Ањос.