Американскиот ММА борец, предизвикувач за титулата во полутешка категорија на УФЦ, Џамал Хил, зборува за претстојната борба меѓу Русинот Ислам Махачев и Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.
„Ќе бидам искрен и ќе кажам дека не сакам да се обложувам против Ислам. Борците со кои се бори се различни. Ми се допаѓа Волкановски, тој е најдобриот борец надвор од тежинската класа. Тој е многу брз.
Мислам дека Махачев досега немал толку брз противник. Мислам дека Волкановски ќе може да се движи со вистинска брзина, да остане на нозе и да задава удари. Мислам дека Алекс ќе победи“, изјави Хил за ММА Њуз.
Борбата за титулата во лесна категорија ќе се одржи на УФЦ 284 во февруари 2023 година.