Шампионот на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев (25-1) изминативе неколку дена беше во расправија на социјалните мрежи со Макс Холовеј (25-7).
Имено, Дагестанецот пред извесно време истакна дека останал без противник од беспредметната пресметка меѓу Холовеј и Гејџи, која е на програмата на УФЦ 300 настанот викендов во Лас Вегас.
Американската борба во лесна категорија ќе биде за БМФ појасот, а е дел од главната програма на јубилејниот настан на најголемата светска ММА организација.
Холовеј одговори дека неговите зборови не значат ништо, бидејќи кукавички избира борби кога му одговара.
Долго не се чекаше одговорот на Махачев, а тој објави на X и му порача на американскиот борец:
„Да се забележи дека од 2021 година имав седум борби, а Холовеј одржа само пет средби, а Гејџи четири. Прво, направете ја домашната задача пред да почнете да зборувате глупости за шампионот.
Од 2021 година дагестанскиот борец има седум победи против Дру Добер, Тијаго Моисес, Ден Хукер, Боби Грин, Чарлс Оливеира, а двапати го победи Александар Волкановски.
Последниот настап Махачев го имаше во октомври минатата година кога го победи Волкановски со нокаут во првата рунда на настанот УФЦ 294 во Абу Даби.
For the record: since 2021 I fought 7 times, while Holloway did 5 fights and Justin just 4.
Do your homework before talking trash about your champ 🙂— Makhachev Islam (@MAKHACHEVMMA) April 11, 2024