Новиот шампион на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев сподели фотографија со Чарлс Оливеира.
Тие беа фотографирани заедно по нивната броба. Минатиот викенд Чарлс и Махачев се бореа за испразнетата титула во Абу Даби. Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 280. Ислам победи со завршница во втората рунда. Победата беше негова 11-та по ред и ја прекина серијата од 11 победи на Оливеира.
„Ништо освен почит. Голема благодарност до сите навивачи од Бразил“, напиша Махачев.
Махачев има 24 борби во ММА, притопа 23 победи и претрпе еден пораз. Ислам рече дека сака да се бори во февруари 2023 година во Австралија. Негов посакуван противник е Алексаднер Волкановски.