Магомед Исмаилов: Шампион сум на народот, ќе ги изедам сите

Големата ѕвезда на руската ММА сцена, Магомед Исмаилов, се прогласи за шампион на народот. 34-годишниот борец има учинок од 17-2-1 во ММА и може да се пофали со борби во средна, полутешка и тешка категорија.

Мага Исмаилов заврши 12 од борбите и никогаш не загубил со нокаут. Минатата година си ги зголеми акциите откако победи уште две големи sвезди од руската ММА сцена. Исмаилов го нокаутира Александар Емилијаненко, а потоа доминираше и против Иван Штирков.

Сега цели кон нов противник и ќе избере помеѓу Александар Шлеменко и Владимир Минеев. На социјалните мрежи Исмаилов позираше со титулата на АЦА и изјави дека му треба појас само за да ги врзува пантолоните со него.

„Постојат шампиони на хартија и има вистински, национални шампиони. Народен шампион – Магомед Исмаилов! Ќе те изедам! Ќе ги изедам сите.

Железниот шампион меѓу вас оди со појас, затоа што му треба појасот само за да ги врзе пантолоните“, изјави Исмаилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON