Александар Емилијаненко е тешко поразен со прекин на АЦА 107 (ВИДЕО)

Александар Емилијаненко и Магомед Исмаилов ги одмерија силите во главната борба на АЦА 107, што се одржа во Русија. Емилијаненко го забележа првиот пораз во последните шест години со прекин пред крајот на третата рунда.

Мечот беше деби во тешка категорија за Исмаилов, кој не покажа милост кон Емелијаненко, иако беше над 20 килограми полесен. На почетокот Исмаилов почна многу агресивно и направи комбинација од лев и десен удар, а потоа го собори на партер. Целата прва рунда ја диктираше Магомед, кој го држеше Емелијаненко на партер и го удираше.

Александар се обиде да застане, но не успеа. На крајот од првата рунда Исмаилов упати силни удари во главата на својот противник, кој се чинеше дека ја загуби свеста, но рундата заврши и судијата не ја прекина борбата. Коментаторите побрзаа да објават дека битката завршила, но судијата беше со поинакво мислење. Лицето на Емлијаненко беше крваво. Во втората рунда и двајцата влегоа во дива размена на удари која го здрма Емелијаненко. Исмаилов повторно успеа да ја пренесе борбата на партер, каде го размава Емелјаненко, кој се чинеше беспомошен. Речиси целата втора рунда се одржа во пратер и во целосна доминација на Исмаилов.

Во третата рунда,која беше последна на средбата, Исмаилов повторно го сруши Емелијаненко и почна да муза дава цврст граунд и паунд. Александар беше облиен со крв и напукнати аркади на лицето, а судијата за момент ја прекина борбата, за да го погледне лекар. Битката се продолжи на партер, каде Исмаилов зададе многу силни удари, а судијата виде доволно и ја прекина борбата на минута ипол пред крајот на средбата. Ова е 9-та последователна победа за Исмаилов, кој останува непоразен во последните 6 години. За Емелијаненко, ова е прв пораз во последните 6 години, со кој ја прекинува серијата од 5 последователни победи со нокаут.

https://www.facebook.com/watch/?v=983029915459622

Главни борби:
Магомед Исмаилов го победи Александар Емелијаненко со ТКО 3, 3:25
Абубакар Вагаев со одлука го победи Гаџимурад Хирамагомедов
Магомед Бибулатов го победи Никита Чистијаков со ТКО 1, 3:36
Насрудин Насрудинов го совлада Евгени Егембедиев со ТКО 3, 3:44
Нашко Галаев го победи Олег Борисов со одлука

Прелиминарни:
Виталиј Слипенко го победи Черси Дудаев со одлука
Андреј Гончаров го победи Роман Огулчански со одлука
Хусеин Шаихаев го победи Ахмед Мусакаев со одлука
Арен Хакбијајан го победи Руслан Абилтаров со завршница 2, 3:49
Хасеин Шаихаев го победи Аслан Шогов со завршница 1, 0:32

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=qEBZli-dRJw&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?v=JIkk8e5V1Uw&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО