Рускиот УФЦ борец во полутешка категорија Магомед Анкалаев едвај чека да ја подигне титулата во дивизијата.
Ѕвездата од Дагестан влегува во кафезот со Јан Блахович. Тие ќе бидат предводници на настанот УФЦ 282 овој викенд во Лас Вегас. Магомед е голем фаворит кај обложувалниците кои очекуваат лесно да ја добие борбата.
Анкалаев е во серија од 9 победи и нема пораз речиси 5 години. Тој признава дека има слабости во својата борба, но не верува дека Блахович може да ги анализира.
„Имам многу маани, но тешко дека Јан Блахович ќе може да ги анализира моите слабости бидејќи е стандарден борец. Има силен ножен удар, но мислам дека не може да ми зададе никакви проблеми.
Дали ментално е тешко пред борбата? Не знам како може да ми биде тешко психички. Појасот е она што го барам. Ова е мојот пат и мојот сон.
Ништо не ме загрижува, подготвен сум да се борам. Го сакам тој појас, па ајде да го направиме тоа“, изјави Анкалаев за Метаратингс.
https://www.youtube.com/watch?v=Dx2BQtBRW5o&feature=emb_title