Магазинот Ринг го преуреди рангирањето за најдобрите боксери во светот и затоа Тајсон Фјури повеќе не се смета за број 1 од уредниците на една од најавторитетните боксерски публикации во светот по ажурирањето во април.
„Ромскиот крал“ минатиот декември го нокаутира Дерек Чисора за да ја задржи титулата во ВБЦ, а потоа беше обвинет за неуспешните преговори со Александар Усик каде што требаше да се реши неспорната круна на дивизијата.
Ринг го стави Украинецот на врвот на својата листа, иако неговата последна борба беше во август против Ентони Џошуа. Сепак, тој потоа ја одбрани круната, откако успеа да се украси со појасите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО.
Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа, Џо Џојс, Енди Руиз Јуниор, Дилиен Вајт, Луис Ортиз, Џозеф Паркер, Филип Херговиќ и Френк Санчез исто така влегуваат во топ 10.