Мачида се враќа против Брансон: Животот е борба! (ВИДЕО)

Лиото Мачида се враќа по 18-месечната суспензија отако призна дека е користел супстанци за кои не знаел дека биле забранети.

„Во времето во кое не се натпреваруваа научив дека животот е борба. Сите се соочуваме со различни пречки во животот и понекогаш се случува дури и да не знаеме како да реагираме, како да постапиме. На почетокот, кога бев обвинет за допинг, бев крајно потресен и збунет. Неколку месеци подоцна, сепак се беше во ред – ги прифаќаш работите какви што се и продолжуваш напред. Или ги прифаќаш фактите, или се мачиш, одново и одново“.

И покрај непријатниот настан, Мачида не се откажа од натпреварите. Вели дека е среќен што се враќа во игра, помудар и со повеќе искуство и сила. За средба со Дерек Брансон вели:

„Животот ми е исполнет со предизвици и тоа ми се допаѓа, не сакам да правам нешто само така. Менаџерот го знае тоа и затоа ми предложи да се сретнам со Дерек Барнсон. Знам дека е силен и средбата ќе биде тешка, но што со тоа. Не сакам да ги потценувам луѓето, а тоа ми помага да сум појак“.

Мачида смета дека и двајцата со Барнсон се експлозивни борци и се надева дека ќе го победи со контранапад. Лиотот, секако, не се откажа од слободните борби, а неговата жед за победа се покажа како посилна од кога било.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON