„Љупчо Неделковски“ во Виница!

miki vo akicija

На 31 јануари по пети пат ќе се одржи Меѓународниот меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница со почеток од 18 часот, во организација на Македонската кик боксинг федерација.

Фактички, ова ќе биде судир на Македонија со Турција и Србија. Така, во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категоррија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

mem turr nedelovskki

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON