За момент ќе се обидеме да ви ја пренесеме атмосферата од Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница на 31 јануари преку објективот на Миливој Јованчевски – Фото „Луна“.
Мики Ивановски беше прогласен за најдобар кикбоксер на Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“. Ивановски го совлада Огуз Шеќер од Турција во К1 до 81 кг. Стојанче Цветковски, кој му ја предаде борбата на Ајкут Тонкал во категоријата до 86 кг во лоу кик поради повреда во третата рунда. Димитар Ѓоргиев (81 кг) во лоу кик го победи Мухамед Јилдиз. Александар Димовски-Димса беше подоба од Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик. Хадис Рамадани го совлада Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), аБобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).