Лулзим Исмаили на 9 ноември ќе ја има чевртата професионална борба во Леверкузен, Германија, против боксерот со африканско потекло Назар Тијака кој настапува под германско знаме. Тие ќе се борат во категоријата до 69,9 килограми.
За противникот се знае дека е квалитетен боксер.
„Исамили е во многу добра форма. Тој е млад и подготвен. Моментално е најдобриот македонски боксер. Тоа е само почеток на долгиот пат. Претходно ги доби сите три борби, од кои две со нокаут“, вели неговиот промотор и тренер Халим Абази.
Мечот е дел од настанот „Но лимит фајт најт“.