Репрезентативецот на Македонија Лулзим Исмаили е прогласен за најфер плеј боксер на Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, на кој за најдобар боксер е прогласен Арменд Џоџај, минатогодишниот освојувач на Златниот гонг.
И другите наши боксери прикажале добри борби.
Резултати:
52 кг Исак Ибрахими – Гури Вилсон (Албанија) 0-2
56 кг Алмир Нуришов – Алига Доџи (Белгија 0-2
69 кг Лулзим Исмаили кг – Ванхард Хазирај (Косово) 2-0
81 кг Ардит Делијај (Косово) – Лулезим Бајрами 0-2
Четиримината репрезентативци ги предводеше селекторот Петар Чурлиновски.
Ipon.mk/В.Д.