Големиот мајстор на катите, Лука Валдеси, на прв поглед е воодушевен од она што го виде во Скопје и Квадарци, однонсно во „Тиквеш“.
„Скопје е убав град. Се гради. Има многу знаменитости. Кога ќе завршат грдабите ќе биде фантастичен град“, ни ги соопшти Владеси првичните импресии од посетата на Македонија.
По прошетката во Скопје, потоа замина во Кавадарци, каде што го посети Агро комбинатот „Тиквеш“ со неговите производствени капацитети на вино.
„Јас сум воодушевен од амбиентот во винаријата, како изгелда сето тоа. Храната не е битна, иако мора да нагласам дека беше преубава, туку како сето тоа е направено и чувството кое се добива“, вели Валдеси, кој е љубител на црвеното вино.
„Посебен впечаток ми остави белото вино и покрај што повеќе сакам да се напијам црвено“, рече Валдеси.
Денеска почнува првиот ден од семинарот во Спортската сала „Форца“ во Скопје.
Ipon.mk/В.Д.