Преодниот шампион на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија, Луиз Ортиз, и фрли ракавица на другите двајца носители на појаси – Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Кубинецот забележа импресивна победа во декември, победувајќи го Брајант Џенингс (САД), кој против Владимир Кличко издржа 12 рунди.
Ортиз има обврска, според која, во јуни треба да се сретне со рускиот тешкаш Александар Устинов. Потоа е слободен да се бори во обединувачки меч со некој од другите шампиони.
„Навистина верувам дека можам да ги победам Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Од една страна тие зборуваат за мене со почит, но, од друга, го омаловажуваат моето име со измислени обвинувања. Се плашат, затоа што знаат дека не сум за нив. Тие се кловнови“, изјави Ортиз.
https://youtu.be/mYeunQCiUs0