Кубанскиот боксер Луис Ортиз (33-2, 2 НЦ) го победи Американецот Чарлс Мартин (28-3-1) со нокаут во шестата рунда на новогодишната вечер во Холивуд, Флорида.
Одличниот меч изобилуваше со атрактивни потези, во кој Ортиз двапати беше соборен, а за чудо се враќаше и стигна до триумфот.
Мартин го собори противникот во првата и четвртата рунда, но немаше доволно енергија предноста да ја претвори во победа.
Тие разменија многу удари во текот на средбата, но во првите пет рунди ниту еден не беше доволно силен за да го заврши мечот.
Но веќе во следната рунда Кубанецот го засили темпото и одлично го погоди Мартин.
Ортиз почувствува дека дошол моментот кога може да ја прекине борбата и тоа го направи.
Следуваше канонада од удари, а судијата мораше да го прекине мечот.
„Двапати ме стресе, но тренерите ми рекоа да останам смирен и трпеливо да ја чекам приликата, бидејќи се уште ги држам најсилните адути во рацете. Не се грижев премногу, знаев дека ќе добијам шанса и кога таа се појави веднаш ја искористив – изјави Луис Ортиз.
Франк Санчез (20-0, 1 НЦ) продолжува со искачувањето на врвот во тешка категорија. Кубанецот во одличен меч со едногласна одлука го совлада Кристијан Хамер (26-9).
Much better angle of the temple shot Luis Ortiz landed on Charles Martin, overhand left over a lazy pawing jab, shut off Martin's system completely.
Looked like he was 💀 on the ropes… Jesus. #OrtizMartin #boxing pic.twitter.com/u6OTCKpRav
— Sir Ruiz Hauser Fitzgerald (@SirRHFG) January 2, 2022