Луис Ортиз по втор пат во кариераta падна на допинг тестот.
Кубанецот на ноември требаше да се бори против со шампионот на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер, но сега борбата е доведена во прашање.
Веста за падот на допинг тестот преку Твитер ја објави претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, но не објави што бил позитивен.
Ортиз и неговиот тим се сигурни дека позитивниот наод се должи на употребата на лосартан, кој се препишува за висок крвен притисок, дијабетес и заболување на бубрезите.
Сулејман веднаш не објави дали битката со Вајлдер ќе биде откажана.
На Вајлдер поради истата причина му беше откажана средбата со Александар Поветкин и Анджеј Ваврик.
Ортиз по победата над Латеф Кајоде во 2014 година беше позитивен на стероидот нандролон.