Боксерската легенда Ленокс Луис изненадувачки го с’ска Ентони Џошуа против неговиот промотор Еди Херн. Причината е долгорочните преговори со Дионтеј Вајлдер.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2017425258287692&id=110947115602192
„Џошуа треба да му нареди на Херн да направи да се сретнат со Вајлдер. Сигурен сум дека Дионтеј сака да се докаже“, смета Луис и вели: „Ако на мене ми предложеа 50 милиони долари, веднаш би се согласил. Ентони треба сам да ја контролира својата судбина“.
Вајлдер има можност во април да се бори против Џошуа, но се уште не ја прифатил оваа опција. Според Еди Херн луѓето на Американецот ги прифатиле сите услови, но потоа не го потпишале испратениот договор.
.