Дерик Луис (21-5, 12-3 УФЦ) на неверојатен начин го избегна поразот од Александар Волкова (30-7, 4-1 УФЦ).
Во нивната борба на УФЦ 229 во Лас Вегас Русинот во целост доминираше и веќе во првата рунда беше близу до заршување на Луис. Но, 33-годишниот Американец почна да погаѓа пред на крајот на мечот и со силна десница го собори поранешниот шампион на Белатор. По испраќањето до подот го заврши со граунд енд паунд на само 10 секунди пред крајот и избегна сигурен пораз.
На 29-годишниот Русин, кој е во претходно го нокаутира Фабрицио Вердум, ова му беше прв пораз во петиот настап за УФЦ, додека Луис по разочарувачката борба со Френсис Нгану ја запиша третата едноподруго победа.
Откако ја загуби првата рунда против Тони Фергусон (24-3, 14-1 УФЦ), Ентони Петис (21-8, 8-7 УФЦ), во втората сериозно го разниша противникот со десно кроше. Тргна на прекин, но Фергусон успеа да се спаси со затворен гард. До крајот на оваа фантастична крвава рунда Фергусон успеа да се врати и го притисна Петис до жицата, а беше и подобар во размената на удари и беше близу до завршување на борбата.
Во пауза меѓу рундите од аголот на Петис ја прекина средбата, бидејќи поранешниот шампион во лесна категорија ја скрши десната рака.
Ова е 11-та победа на Фергусон.
Непоразен Доминик Рејес (10-0, 4-0 УФЦ) го оставри успехот во кариерата по убедливта изведба со едногласна одлука на судиите над Овинс Сент Про (23-11, 11-6 УФЦ).
Висенте Луке (14-6-1, 7-2 УФЦ) го казни обидот за удар со лакотот од вртење и немилосрдно го нокаутира дебитантот Џалин Тарнер (7-4, 0-1 УФЦ).
https://www.facebook.com/ufceurope/videos/505519703298193/
Ник Ленц (29-9-2, 13-6-1 УФЦ) во втората рунда го нокаутира поранешниот предизвикувач за појасот во лесна категоријаГреј Мејнард (13-7-1, 11-7-1 УФЦ).
https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1862569430495689/
Тони Мартин (14-4, 6-4 УФЦ) со хај кик во третата рунда го нокаутира Рајан ла Фларе (14-3, 7-3 УФЦ).
https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1928514380562028/
УФЦ 229:
Тони Фергусон – Ентони Петис (ТКО, Р3)
Доминик Рејес – Овинс Сент Про (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Дерик Луис – Александар Волков (КО, Р3)
Мишел Вотерсон – Феличе Хериг (едногласна одлука на судиите, 30-26, 29-28, 30-27)
Јусиер Формига – Серхио Петис (едногласна одлука на судиите, 30-26, 29-28, 29-28)
Висенте Луке – Џалин Тарнер (KO, Р1)
Аспен Лад – Тоња Евингер (ТКО, Р1)
Скот Холцман – Алан Патрик (КО, Р3)
Јана Куницка – Лина Лансберг (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Ник Ленц – Греј Мајнард (TKO, Р2)
Тони Мартин – Рајан ЛаФларе (ТКО, Р3)