Лудница во ММА: Џастин Бибер го предизвика Том Круз

Ако баравте доказ дека ММА е лудница за докажување на машкоста?

Џастин Биебер (да, тоа е Џастин Бибер) сака да се бори против Том Круз  според ММА правилата, а тоа веќе го предизвика интересот на промотерите.

За време на викендот Бибер јавно го критикуваше Круз на Твитер, каде што напиша:

„Сакам да го направам битка со Том Круз во кафез. Том, ако не ја прифатиш оваа борба, тогаш си исплашен и никогаш нема да бидеш во можност да преживееш. Кој сака да ја организира оваа борба?”

А оние што сакаа веднаш беа пронајдени.

Еден од нив е Конор Мек Грегор, кој не само што е подготвен да организира меч меѓу Бибер и Круз, туку е подготвен да земе учество во дуелот истата вечер – против актерот Марк Волберг за неговите удели во УФЦ, на кои одамна и се намерачил.

„Ако Том Круз е храбар и го прифати овој предизвик, „Мек Грегор спорт и ентертејмнт“ ќе ја организира борбата“. Дали Круз е способен да се бори или тоа го прави само во филмовите?

Го предизвикувам Марк Волберг да се бориме на истиот настан. Ќе го наплескам, така што ќе му отпаднат ушите и ќе му ги земам акциите во УФЦ“.

Но, Мек Грегор не е единствениот организатор со апетит за таква борба на ѕвезди. И боксерскиот менаџер Оскар де ла Хоја покажа интерес за организирање на битката меѓу Бибер и Круз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON