Приказната на денот на УФЦ е борецот по име Тревин Џонс и неговата победа против Тимур Валиев.
Само два дена пред борбата и еден ден пред мерењето за борбата против Тимур Валиев, Тревин Џонс – „5 Стар/ 5 ѕвезди“ доби покана за скокне како заменски борец. Тој ја прифати можноста без многу размислување, се појави во АПЕКС комплексот на УФЦ, ја исполни потребната тежина и вчера непосредно по полноќ по наше време влезе во октагонот за да ја отвори програмата на УФЦ на ЕСПН 15.
Џонс нема добро да се сеќава на првата рунда од борбата против Валиев, борец кој дојде во УФЦ со импресивни референци и беше поставен како голем фаворит. Во средината на рундата лошо го погоди лошо Џонс и потоа почна преживувањата на американскиот борец, кој може да му се заблагодари на судијата што не ја прекина борбата, иако неколку пати беше близу до скокане и да му ги скрати маките. Валиев во првата рунда погоди дури 53 значајни удари и се очекуваше дека на почетокот на втората рунда може да ја заврши работата.
Сепак, Џонс успеа да се опорави во целост во текот на минута одмор и во втората делница да тргне рамноправно. Од друга страна, Валиев, понесен од завршницата на претходната рунда, беше уште поагресивен и тука ја направи грешката. Во еден удар влезе премногу отворен и Џонс го искористи тоа за директ право во брадата. Рускиот борец заврши на пратерот, каде што почна да прима канонада од удари, а борбата заврши набргу потоа. Тревин Џонс е автор на веројатно на најголемиот пресврт во УФЦ во 2020 година, во ноќта кога големите пресврти во боречките вештини не беа реткост.
„Овде сум со цел да останам“, рече Jонс по победата над Валиев, чиј скор после оваа борба е 16 победи и три порази. Ова се нарекува искористување на приликата на вистински начин.
УФЦ на својата страница на Фејсбук сподели видео во кое гледаме како Џонс ја заврши борбата, а продолжение и што се издржа во првата рунда. Погледнете!