Натпреварот за карате оскар, Лорд куп, со прекар Европски кадетско детски карате куп, се одржа по 47-ми пат на 21 мај 2022 година (сабота) во спортскиот центар во Ново Лисиче „Марко Божиновски” во Скопје.
На натпреварот зедоа учество 16 клубови од Македонија, Србија и Бугарија со вкупно 116 натпреварувачи.
бр | клуб учесници | бр | клуб учесници | ||
01 | Васход, Хасково/Бугарија | 7 | 09 | Партизан, Штип | 4 |
02 | Будуќност, Београд/Србија | 1 | 10 | Љуботен, Тетово | 5 |
03 | Куманово75, Куманово | 13 | 11 | Минта, Охрид | 8 |
04 | Аеродром, Скопје | 12 | 12 | Скопје, Скопје | 4 |
05 | Иппон, Лесковац/Србија | 10 | 13 | Елди-Кан, Скопје | 17 |
06 | Минералац, Врањска Бања | 2 | 14 | Пејов, Скопје | 3 |
07 | Јабланица, Медвеѓа/Србија | 1 | 15 | Гевгелија, Гевгелија | 18 |
08 | Рис, Скопје | 2 | 16 | Ш. Дојран, Дојран | 9 |
Ослободени од пандемијата, клубовите и младите каратистите се размрдаа за да покажат што совладале во своите клубови во текот на периодот кој е зад нас исполнет со бројни ограничувања.
Воедно и нивните родители и најблиски, кои во основа се нивните поддржувачи за напредување во спортот, а исто така и нивната најверна публика.
Резултатите на учесниците кои се натпреваруваа за карате оскари во поединечна конкуренција и за карате пехари во екипна конкуренција, се наведени во наредниот приказ:
Во екипна конкуренција за најуспешни беа прогласени:
За родени 2011/2012 женската екипа на КК Дојран од Дојран
За родени 2013/2015 женската екипа на КК Елди-Кан од Скопје
За родени 2011/2012 машката екипа на КК Јабланица.Медвеѓа
За родени 2013/2015 машката екипа на КК Елди-Кан од Скопје
Со карате оскар, поединечна конкуренција се стекнаа следните каратисти:
За родени 2011 година
Хари Фидани од КК Елди-Кан, Скопје – во женска конкуренција
Калин Апостолов од КК Гевгелија, Гевгелија – во машка конкуренција
За родени 2012 година
Даница Михајловиќ од КК Иппон, Лесковац – во женска конкуренција
Бојан Блажевски од КК Минта, Охрид – во машка конкуренција
За родени 2013 година
Мирјам Танушева од КК Минта, Охрид – во женска конкуренција
Абдулмалик Асани од КК Елди-Кан, Скопје – во машка конкуренција
За родени 2013 година
Ева Лилиќ од КК Куманово 75, Куманово – во женска конкуренција
Фаик Вејселовски од КК Елди-Кан, Скопје – во машка конкуренција
Како оценувачи на овој натпревар беа Зоран Пејов / карате мајстор, Миодраг Николиќ / музичар, Др. Перо Костанчев / карате мајстор, Владо Дојчиновски . актер, Братислав Антиќ / карате мајстор и Марија Таушанска Анастасовска / уредник на Колибри, подлистокот во Нова Македонија.
Купот го посветивме на повеќе елементи и тоа како прво по повод 40 години активно делување на карате клубот Аеродром во рамките на нашата општина. Клубот во овие четири децении обучуваше интерерсенти за карате од нашата околина и пошироко, произведувајќи во карате мајстори над педесет млади луѓе кои станаа совесни и вредни граѓани на нашето општество.
Како второ, налепницата на купот е посветена на 50 годишнината од летните карате кампови за карате во Македонија. Првиот карате камп беше во далечната 1972 година, одржан во студентското одморалипте Студент во Претор.
И како трето, изданието Македонските карате почетоци во која се поместени видувањата на 12 учесници од тој период.
На овогодишната средба на каратистите на 47. Лорд куп имаа во свои раце, како за добредојде по две палачинки, а потоа секој од нив доби: Учесничка диплома, мала и голема тетратка со посебно направени корици, налепница со симболот на годинашниот куп и документарното издание, книгата Македонските карате почетоци.
По повод 40 годишнината на работата на карате клубот Аеродром, беа доделени карате оскари, прво на сите шеснаесет карате клубови – учесници на годинашниот Лорд куп, со знак на пријателство. Потоа доделени оскар-Благодарници на 23 поранешни и сегашни членови кои оставиле трага во работењето на клубот. Доделени оскар–Благодарници на девет институции од стопанската и нестопанска дејност и за крај доделени Благодарници на партиципиентите во едицијата Македонските карате почетоци.
На церемонијата на отворањето беа присутни , а со тоа оддадоа чест на настанот, Претседателот на нашата Карате федерацијата на Македонија, г-динПетар Белистојаноски, г-дин Ѓорги Кузмановски, долгогодишен раководител на Сојусот на спортови на града Скопје и г-дин Зоран Шишковски, раководител во секторот за јавни дејности – одделение за спорт кој воедно ги поздрави учесниците и го прогласи купот за отворен.