Борачите на Олимпија ќе учествуваат на меѓународен турнир во Росен – Бугарија

Борачите на Олимпија отпатуваа на меѓународен турнир во Росен, Бугарија, во чест на Ангел Гочев-Чушката.

За Росен отпатуваа: Дарко Коцев, Петар Донев – Марио Ананиев – деца, Леон Стојанов – пионери, Александар Миланов – кадети, Стефан Зашков и Даниел Манов – јуниори, Андреа Нисева, Бојана Ковачевска и Мелени Митевска – девојки.

„Домаќините не поканија и оваа година да учествуваме на турнирот. Секако прифативме и отпатувавме на турнирот, со цел да бидеме во континуитет и  собираме искуство“, велат од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО