Лорд куп ја одржа традицијата

На 20 мај во салата „Марко Божиновски“ во Аеродром, Скопје, во организација на Карате клубот Аеродром се одржа по 48 пат натпреварот со најдолга традиција во карате спортот, а е меѓу десетте настани во Македонија, Лорд куп 2023.

Традицијата и оваа година продожи со истиот принцип и во стандардна присутност.

„На Лорд куп настапија 107 натпреварувачи 9 клубови. Пред натпреварот за загревање се одржа шховска симултанка водена од шаховскиот великан Димче Илиевски. На симултанката зедоа учество десетина каратисти.

Секој каратист за добредојде доби две палачинки, а потоа учесничка диплома, голема и мала тетратка и налепници. Секој клуб доби украсно чадорче декорирано од уметникот Живко Поповски – Цветин. На настанот каратистите се натпреваруваа во четири екипни категории (две машки и две женски), а во поединечна категорија беа поделени во девет. Резултатите беа евидентирани квалитетно и натпреварувачите за нивниот квалитет беа наградени со 8 карате оскари и со 40 златни медали.

Задоволството беше на сите учесници големо, а истото тоа го делеа и тренерите на клубовите учесници.

Карате клуб Аеродром може да е задоволен од севкупноста на настанот со поттик за организирање на 49-от Лорд куп на 25 мај 2024 година“, вели организаторот Димче Јанковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON