Лопез за борбата со Волкановски: УФЦ ми даде шанса, затоа ја прифатив борбата

Диего Лопез ќе се соочи со Александар Волкановски по втор пат за појасот на почетокот на 2026 година.
Предизвикувачот признава дека неговата неодамнешна импресивна победа му обезбедила втора борба со „Волкот“. Диего Лопез ќе се врати во кафезот на 31 јануари. Тој ќе се соочи со Александар Волкановски на УФЦ 325, кој ќе се одржи во Сиднеј, Австралија. Ова ќе биде втората борба меѓу нив.
Тие првпат се соочија во април оваа година, при што Волкановски ја доби борбата на поени за да го освои шампионскиот појас во перо категорија. Во интервју за Сабмишн радио, Лопез беше прашан за оваа борба и за другите борци во перо категорија кои потенцијално би можеле да се борат за титулата.
Диего призна дека другите заслужуваат шанса, но УФЦ го избра него.
„Мовсар Евлоев заслужуваше борба за титулата, а секако и Лерон Марфи. Двајца непоразени борци, и двајцата заслужуваа борба за титулата. Но, минатиот пат имав одлична борба и остварив голема победа, што го врати моето име на листата на кандидати за борба за титулата. УФЦ ми даде шанса, па ја прифатив борбата“, призна Лопез.
По борбата со Волкановски, Лопез се соочи со Жан Силва и го победи во втората рунда. Борбата беше толку импресивна што Лопез доби бонуси за „Најдобра борба“ и „Најдобар изведба на вечерта“.
View this post on Instagram



