Трета година по ред најголемото боречко натпреварување во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми го завршуваат Мијаин Лопез Нунез и Риза Кајаалп.
На 33-годишниот Кубанец ова му се четврти Игри и трет златен олимписки медал, што во оваа категорија му успеа само на легендарниот Александар Карелин. Покрај нив, три олимписки злата во грчко-римски стил има само уште Швеѓанецот Карл Вестергрен. Вкупно девет борачи го освојувале олимпиското злато три пати.
Лопез е во финалето со 6-0 го победи Турчинот од кого загуби во финалето на минатогодишното Светско првенство.
Бронзените медали и припаднаа на Шабан Шариати од Азербејџан и Сергеј Семенов од Русија.
https://youtu.be/Z884RxV2lzI
На Олимписките игри во 2012 Лопез и Кајаалп се сретнаа во полуфиналето и Кубанецот беше подобар и на крајот го освои олимпискиот турнир, додека Турчинот ја освои бронзата.
Исто така се бореле и во финалињата на светските првенства во последните две години. Лопез победи во 2014 година, а како што споменавме Кајаалп 2015 година.
Лопез го заврши турнирот без да изгуби поен, додека Кајаалп не им допушти бод се до финалето.
Русинот Давид Чакветадзе го освои златниот медал во категоријата до 85 килограми со победата од 9-2 над светскиот шампион од 2015 година, Украинцот Жан Белениук.
Бронзените медали и припадна на Џавид Хамзатов од Белорусија и Денид Кудла од Греманија.