Микс фајт чемпионшип за настанот на 7 декември во Франкфурт најавува два турнира во кик бокс.
Ќе има интересен турнир на четиримината во тешка категорија.
Исмаил Лондт во полуфиналето се бори со Енвер Шљивар, а другиот пар го сочинуваат Џејмс Мек Свини и Мурат Ајгун.
На 34-годишниот Лондт ова ќе му биде прва борба од декември 2017 година. Мек Свини во јуни се бореше за титулата на МФЦ во ММА во тешка категорија и загуби со нокаут пред крајот на првта рунда од Хатеф Моил.
Ќе се одржи и турнирот од 84 килограми, а во полуфиналните парови се Сергеј Браун-Лукас Плавечки и Јуриј Де Соса-Сами Ал Мансури.
Во суперборбите поранешниот победник во К-1 МАКС, Енрико Кел се среќава со Дан Никлас Ларсен.