Апсолутниот шампион во лесна категорија Девин Хејни (29-0, 15 КО) се враќа во рингот следниот месец.
Непоразениот Американец ќе ги брани шампионските појаси во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас против украинскиот борец Васил Ломаченко (17-2, 11 КО).
Хејни ги обедини титулите минатиот јуни кога со едногласна одлука во Мелбурн го победи Џорџ Камбосос Јуниор.
Првпат ги одбрани појасите четири месеци подоцна со реванш победата против Камбосос.
Ломаченко беше во победничка серија од 13 борби кога загуби од Теофим Лопез во октомври 2020 година, оставајќи го без шампионските појаси на ВБА (Супер) и ВБО.
После тоа, Украинецот минатиот октомври ги победи Масајоши Накатани, Ричард Коми и Џемаин Ортиз и доби шанса повторно да се бори за титулата.
„Не сум загрижен за поразите. Веднаш го расчистувам во главата за да можам мирно да спијам. Возбуден сум за следниот меч. Добив втора шанса и ќе се обидам да ја искористам. Благодарение на Хејни и неговиот тим за тоа ќе се подготвам добро“, потенцира Васил Ломаченко.