Ломаченко: Сакам да се борам со Гарсија, сакам нови титули

Вчера Васил Ломаченко го нокаутира поранешниот шампион Ентони Крола во четвртата рунда и така титулите во лесна категорија на ВБА и ВБО WBA станаа негова сопстевност.

31-годишниот боксер не се измори и изгледа жеден за нови победи.

Ломаченко, кој е двократен олимписки златен медалист, го подобри скорот на 13-1, а 10 од победите му се со нокаут.

По оваа важна победа Украинецот го предизвика светскиот шампион на ВБЦ во лесна категорија, Мики Гарсија.

„Сакам да се борам со Мики Гарсија, но ќе видиме што ќе се случи. Ќе останам во лесна категорија некое време. Сакам да ги унифицирам сите титули“.

Се уште не е јасно дали Гарсија, кој минатиот месец се пресели во полусредна категорија и загуби, повторно ќе симнува килограми и ќе се врати во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON