Шампионот на ВБО Васил Ломаченко е подготвен да се бори со Гилермо Ригондо.
Двајцата борци моментално настапуваат во две категории суперперо и суперпетел. Ако Риогондо ја сака оваа борба, мора да побрза, бидејќи Ломаченко изјави дека сака да се пресели во лесна категорија.
Менаџерот на Ломаченко, Боб Арум, тврди дека се уште не добиле одговор од таборот на Ригондо. Арум се обиде да ја направи оваа битка, но тврди дека таа не се случила до сега, бидејќи Ригондо барал премногу пари.