Ломаченко ќе ги обединува титулите против Соса во април

Lomacenko Volters

Неколку боксери на кои  и е понудена борба против Васил Ломаченко (7-1, 5 КО) ја одбија понудата и побара повеќе пари.

Регуларниот шампион на ВБА, Џејсон Соса (20-1-4, 15 КО) ги прифати условите и на 8 април во Оксон хил во Мериленд во близина на Вашингтон Д.Ц..-а ќе се бори во мечот за обединување на титулата со ВБО шампионот во суперлесна категорија. ВБА супер шампион во оваа категорија е Џезрил Коралес.

Ломаченко во последниот меч во ноември го принуди да се откаже претходно непоразениот Никола Волтерс. Соса ремизираше со Јамајканецот кон крајот на 2015 година, иако општото мислење е дека Волтерс требаше да победи. После тоа 28-годишниот Американец во Пекинг со TKO го победи Хавиер Фортуна и ја освои титулата на ВБА. Во последното влегување во рингот во ноември минатата година со едногласна одлука на судиите во Монте Карло беше подобар од Стивен Смит.

https://youtu.be/AhmzvJbDvfc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON