Жорге Линарес (44-3, 27 КО) и Васил Ломаченко (10-1, 8 КО) во Њујорк имаа отворен тренинг во пресрет на борбата за светската титула во лесна категорија.
Тренингот се одржа пред Медисон сквер гарден, каде што Украинецот ќе го предизвика WBA шампионот и ќе се обиде да ја освои титулата светски шампион во третата тежинска категорија.
Во првиот дел од настанот Ирецот Мајкл Конлан (6-0, 5 КО) боксира со Шпанецот Ибон Лариринага (10-1, 2 КО).
.