Васил Ломаченко (9-1, 7 КО) следниот пат во рингот влегува на 9 декември во дуелот на двократните олимписки победници.
29-годишниот Украинец ја брани ВБО титулата во суперлесна категорија против осум години постариот Кубанец Гилермо Ригондо (17-0, 9 КО) кој се подига за две категории за да го предизвика Ломаченко.
„Хај – теч“ е загрижен дека во случај на победа многумина ќе го омаловажуваат неговиот успех токму поради тоа што „Риго“ се крева за две тежински категории.
„Ригондо е пократок и помал од мене. Без разлика како ќе боксирам во очите на критичарите нема да постигнам ништо. Хејтерите ќе кажат дека не им е грижа, бидејќи сум поголем од него“.
„Лома“ поради својот стил на бокс кој комбинира техничка прецизност и атрактивност го привлече вниманието на навивачите, а истиот стил планира да го прикажа во Медисон сквер гарден против Кубанцот.
„Двајца боксери во рингот, тој може да проба што сака. Јас ќе се обидам да победам на впечатлив начин. Ќе боксирам со својот стил. Ќе работам цело време за да го здробам“.
Во разговор за украинските медиуми ја начна и позицијата на најдобариот боксер на светот и што мора да направи за да дојде до првото место на паунд фор паунд листата.
„За да бидам број еден морам да се борам со Мики Гарсија, Хорхе Линарес и веројатно со Мигуел Берчелто“.