Васил Ломаченко (10-1, 8 КО) го направи она што го најави и го принуди Гилермо Ригондо да се предаде.
Во двобојот на двократните олимписки победници во Њујорк, Украинецот ја одбрани титулата на ВБО во супер перолесна категорија со прекин по шестата рунда.
Ригондо (17-1-1 НЦ, 11 КО) не прими многу удари во борбата со малку акции, но по шестата рунда му рече на судијата дека ја повредил левата рака и дека не може да продолжи. Ова е негов прв пораз во кариерата.
Борбата беше полна со клинчови и прекршоци, што ја разочараа публиката во театарот „Медисон сквер гарден“. Кубанецот е третиот борец во последните четири борби на Ломаченко кој се откажа против него.
„Тоа е победа, но ова не беше голема победа за мене, се прилагодив на неговиот стил, се прилагодив на неговите ниски удари, тој е одличен, одличен борец, но јас поседувам вештини за победа“, рече Хај-теч по мечот.
https://www.facebook.com/ukraineatamanspro/videos/560181470984492/
https://youtu.be/BotlJowFeA0
.