Ломаченко го предизвика Мек Грегор, но на ММА борба

Како што стана модерно боксери и ММА борци овие денови меѓусебно да се прозиваат, нешто слично на тоа направи Васил Ломаченко. Но, тој го прозва Конор Мек Грегор на борба во УФЦ.

Двократинот олимписки шампион и двоен светски шампион во бокс, а по многумина технички најдобриот боксер на светот, Ломаченко е се поголема ѕвезда во рингот. Како таков, знае дека неговите изјави на социјалните мрежи ќе привлечат внимание, па така одлучи да ја објави онаа која ќе пренесат поголем дел од медиумите. Се разбира, неговиот „Твит“ го пренесуваме и ние:

„Како дете јас победував на многу боречеки, џудо и самбо турнири. Треба ли да се обидам да се борам во УФЦ? Што мислиш Конор Мек Грегор? ”

Секако, овде веројатно станува збор за шега, но шега која на Ломаченко ќе му донесе дополнителна доза на внимание, од причина што го направи токму спротивното од неговите колеги, но и ММА борците, кои меѓусебно се прозиваат на бокс меч. Сепак, ситуацијата во која Ломаченко би одработил ММА борба, секако, позитивно делува на имагинацијата. Знаејќи за каков спортист и машина танува збор, не треба да се чудите ако таму на крајот биде многу добар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON