Ломаченко го победи Ромуло Коасич

Lomacenko

Украинскиот боксер, Васил Ломаченко (27 г.) го победи со нокаут Мексиканецот, Ромуло Коасич (24 г).

Ломаченко ја започна средбата умерено, како и секогаш што го прави тоа. Сепак, во третата рунда Украинецот почна да напаѓа со разновидни комбинации, неверојатна техника и совршен лев директ. Тогаш јасно се виде колкава е разликата во класи.

Коасич демонстрираше издржливост, но тоа можеби беше единственото нешто за што може да биде пофален. Со одминувањењто на рундите, Украинецот го зголеми притисокот. Крајот на средбата дојде во 10 рунда, кога Мексиканецот пропушти серија од силни удари кои го соборија.

Lomacenko pobednik

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО